Вицепремиерката Царовска и директорката на УЈП Лукаревска во посета на компанијата Даути Комерц: Над 106 илјади работници со зголемена јануарска плата со мерката за субвенционирање на придонеси

24 јануари 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и директорката на УЈП Сања Лукаревска ја посетија компанијата Даути Комерц во Сарај, една од компаниите, кои ја користат мерката за субвенционирање на придонеси за раст на платите.

Вицепремиерката за економски прашања Царовска посочи дека само по 2 и пол месеци од воведување на мерката за субвенционрање на придонеси во случај на зголемување на плати, резултатите се одлични и имаат влијание на зголемување на платите кај повеќе од 100 илјади работници во околу 20 илјади компании.

„Кај декемвриската плата, којашто се исплати во јануари оваа година, имаме зголемување на платите кај повеќе од 106 илјади работници во нашата држава. Ова укажува дека оној таргет којшто го поставивме, а тоа е помеѓу 20-25% од вработените во реалниот сектор да добијат зголемување на плати од 600-6000 денари брз основа на мерката предвидена со закон, тоа и се случи. Го остваривме таргетот кој го поставивме за само 2 месеци. Јас очекувам оваа мерка и понатаму да ги остварува очекувањата и во текот на целата година овие наши сограѓани или работници да продолжат да земаат повисоките средства. Мора да се истакне дека месечната сума на издвоени средства од Буџетот за оваа мерка, а кои директно се трансферираат во фондовите за здравствено и пензиско осигурување и Агенцијата за вработување е 200 милиони денари. За декемвриската плата се исплатени нешто повеќе од 150 милиони денари, што значи дека се уште имаме можност за вклучување на работници во буџетските рамки коишто ги имаме. Очекуваме и во наредните статистички извештаи да се покаже дека покачувањето на платите има забрзана тендеција на раст, а со тоа директно влијаеме на подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на нашите граѓани“, потенцираше вицепремиерката Царовска.

Директорката на УЈП Лукаревска нагласи дека мерката за субвенционирање на придонеси во случај на покачување на платите е навистина одлично прифатена од страна на компаниите и додаде дека постојано се стимулираат компаниите да ги искористат поволностите кои се овозможени со оваа мерка.

„За прв пат во овој даночен обврзник информиравме дека од 1 мај во Управата за јавни приходи ќе направиме еден интегриран систем кадешто МПИН образецот ќе се поврзе со Е-пдд системот и врз основа на тоа сите приходи односно исплати коишто доаѓаат од данокот на личен доход ќе бидат во еден систем, така што функционираме единствено за да ги направиме сите процеси во УЈП да бидат едноставни, брзи и лесни“, информираше директорката Лукареска за процесите 

Директорот на Даути Комерц, Хамим Даути, изрази големо задоволство од воведената мерка, при што нагласи дека токму вакви мерки беа очекувани од бизнисот и делуваат стимулирачки и за работниците, но и за работодавачите.

„Во декември 2019 година, беше извршена исплатата на субвенционираните плати. Тоа беше добредојдено за компанијата Даути комерц, па и за вработените, тоа беше добар мотив да се подигнат платите, за сите да бидат задоволни. Од 340 вработени во Даути Комерц, субвенции на платите се исплатени за околу 70% од вработените. Зголемени се просечно платите за 12%, а Даути Комерц не е компанија што ја гледа минималната плата објавена од државата – напротив, просечната плата во Даути комерц денес е над 25.000 денари“, потенцираше Хамим Даути.

 

Линк до видео од изјавата на вицепремиерката Царовска: 

Линк до видео од изјавата на директорката на УЈП Лукаревска: 

Линк до видео од изјавата на директорот Хамим Даути: 

English
АКТУЕЛНОСТИ: