10 февруари 2020
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот без ресор, Елвин Хасан и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески попладнето ја посетија фабриката за садови за готвење „Братсво Инокс“ во Охрид.
Премиерот Спасовски истакна дека оваа фабрика е една од оние со најголемо искуство во производство на метални производи и фабриката сега има збогатено производство на трансформатори, експанзиони садови, како и со линија за површинска заштита на метални алати. Новата инвестиција на фабриката, освен што ќе им овозможи производи за учество и конкуренција на пазарите во регионот и во Европа, отвора и нови работни места, а со тоа и поддршка за развој на локалната економија.
„Со програмата за поддршка на инвестициите и на технолошкиот развој дури 170 компании се стекнаа со право и добија финансиски средства за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема, како и за инвестиции во објекти и земјиште. Голем број од овие 170 компании се од овој регион”, рече Спасовски.
Заменичката на претседателот на Владата на Република, Мила Царовска изјави дека Владата спроведува одговорни економски политики кои се насочени кон подобрување на стандардот на работниците, како и кон развојот и растот на деловните субјекти.
„Тоа значи дека инвестираме и во работниците и во работодавачите. Од една страна е Законот за финансиска поддршка на компаниите, кој е дел од Планот за економски раст, од друга страна се сите други мерки кои се насочени кон вработените. Инвестираме и во младите и ги поттикнуваме да работат во производство со можност за користење на младинскиот додаток којшто ќе се исплаќа месечно и изнесува 3.000 денари дополнителни средства на платата”, рече Царовска.
Министерот без ресор, Елвин Хасан како овластен потписник во име на Владата на договорот за финансиска поддршка со компанијата „Братство Инокс“ рече дека на оваа компанија досега и се исплатени 639,684 денари.
„Само преку комуникација, тесна соработка и силно партнерство можат двете страни да бидат задоволни, а со тоа и нашиот најважен таргет, граѓанинот. Продолжуваме отворено да работиме, со што постигнуваме одлични резултати кои директно влијаат на зголемување на интересот на странските инвеститори, како и на домашните инвеститори кои за нас се подеднакво важни”, рече Хасан.
Линк до инсерти од посетата на фабриката Братство Инокс во Охрид:
Линк до видео од изјавата на ПВРСМ Спасовски:
Линк до видео од изјавата на ЗПВРСМ Царовска:
Линк до видео од изјавата на Министерот Хасан:
Линк до видео од изјавата на Градоначалникот на Охрид Геогриевски: