13 март 2020
Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на корона вирусот (COVID -19 ) го усвои и следниот заклучок:
Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно законски утврдени надлежности.
Воедно се задолжуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19).