Дополнување од 19-тата седница на Владата

15 март 2020

Дополнување од 19-тата седница на Владата: Владата му препорача на Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот; Препорака до сите работодавачи таму каде што е можно да се организира работа од дома; На затворените копнени гранични премини се дозволува исклучиво премин на товарни возила

Како дополнување на заклучоците и препораките од 19-тата седница, Владата на Република Северна Македонија упатува препорака до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, и другите надлежни државни институции.

Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

На оваа седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за  спречување на внесување и ширење на коронавирусот со која се затворааат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила.

На следните линкови можете да ги преземете:

Нацрт записник со сите заклучоци од 19-тата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март 2020 година, тука<http://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/zaklucok_19_sednica_vrsm.pdf>:

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, тука<http://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/odluka_za_izmenuvanje_i_dopolnuvanje_na_odlukata_za_zabrani_i_merki_-_19_sednica_vrsm.pdf>:
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: