Известување

15 ноември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денес е трет ден во официјална посета на Вашингтон, САД и потсетуваме дека посетата ќе трае до 16-ти ноември 2017 година.

Во претпладневните часови вицепремиерот ќе оствари средба со претставници на групацијата Светска Банка, а во период од 18:30-19:30 часот по локално време на завршната свеченост на Трансатлантскиот економски форум, вицепремиерот Анѓушев, во име на претседателот на Владата Зоран Заев ќе ја прими наградата „Лидери на Медитеранот“.

English
АКТУЕЛНОСТИ: