Граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот

23 март 2020

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.

Апелираме до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: