1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки - Најчесто се поставуваат прашања за финасиската поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволите за движење во полициски час

13 април 2020


На телефонскиот број 02/324-8040,  којшто од минатиот понеделник функционира како контакт (телефонски) центар на Владата на Република Северна Македонија и кој е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки на Владата, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, во периодот од една недела, односно од 6-ти до 11-ти април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања. Контакт центарот е обезбеден од МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија.

Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните:

-можноста за користење на финасиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците;

- можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа;

- кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија;

- постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.

На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот, одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и на албански јазик. Кол центарот работи од 8:00 до 17:00  часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот. Со цел да се одговори на што поголем број повици контакт центарот од денеска работи со зголемен капацитет.

Со цел навремена и детална информираност на компаниите и граѓаните за економските мерки на Владата на Република Северна Македонија, а во согласност со интересот за поединечните мерки, подготвен е и документ во кој се содржани одговори на најчесто поставуваните 25 прашања во изминатиот период.

 

За да пристапите на документот со одговори на најчесто поставуваните прашања кликнете на следниот линк

English
АКТУЕЛНОСТИ: