Прашање 5: Кои се условите да се добие субвенционирање на 50% од придонесите за месеците април, мај и јуни?
Одговор: Компаниите кои сакаат да аплицираат за да ја користат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите, треба да исполнуваат услов приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на уредбата до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година.
Доколку, компаниите се регистрирани само неколку месеци се зема просекот од периодот во којшто функционираат. Ако компанијата има сезонска работа се зема просекот од кварталот/сезоната која е релевантна од претходната година.