Прашање 11

Прашање 11: Самостоен вршител на дејност како може да аплицира за мерката за плата од 14.500 денари за месец април и мај.

Одговор: Процедурата е иста како и за претходно поставеното прашање во однос на Лицата кои вршат занаетчиска дејност, кои се опфатени со иста Уредба.

Самостоен вршител на дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства ја пропишува Министерот за финансии. 

Барањето, физичкото лице кое врши самостојна дејност го поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.

Во Барањето, физичко лице кое врши самостојна дејност, дава Изјава за исполнетоста на условите од Уредбата.

Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за физичките лица кои вршат самостојна дејност-баратели на финансиска поддршка кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства.

Износот на финансиска поддршка се исплатува до 13-ти во месецот за претходниот месец преку Владина Програма за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност.

English