Прашање 19

Прашање 19: Дали вработените во градежни компании може да се движат за потреби на работата за време на полицискиот час?

 

Одговор: Градежништвото  е еден од клучните сектори, покрај производството, за растот и развојот на економијата и токму поради тоа започнатите градежни активности не смеат да сопрат во овој период.

Дозволите за движење  на работници  во време на полициски час, може да се користат и за градежниците, со оглед на фактот  дека нивното работното место е на објект и може да се третира како производство.

Дозволите за движење  на работници за време на полициски час, се издаваат од самиот работодавач, на меморандум на компанијата, а по урнек усвоен на Главниот координативен кризен штаб на 22 март 2020 година, доставен до сите стопански комори, организации на работодавачи и други асоцијации.

Освен заверка во самата компанија дозволата за движењена работник  не треба да се заверува во друг орган на државната управа. Единствено, работникот за кој е издадена соодветна дозвола за движење во полициски час, мора да ја има во себе дозволата за движење во полициски час додека се движи од местото на живеење до местото каде извршува работни обврски и обратно, а во случај на контрола од припадник на министерството за внатрешни работи/полиција, мора истата да ја даде на увид.

Согласно Законот за работни односи, работодавачот го организира работниот процес според потребите и условите, а во однос на прекувремената, сменска или ноќна работа, доколку има потреба, истата може да се реализира, така што треба да се почитува Законот за работни односи, чии одредби се важечки и во време на вонредна состојба, освен ако со уредба не е поинаку уредено.

English