3 мај 2020
Бројот на отпуштања поради кризата предизвикана од Ковид-19 до сега не е драстичен, а лицата коишто останале без работа веќе поднеле барања за користење на надоместок во случај на невработеност, или за влез во системот на социјална заштита согласно условите коишто ги исполнуваат. Ова во интервју за емисијата „Трилинг“, го изјави заменичката на претседателот на Владата за економски прашња, Мила Царовска.
„Во Агенцијата за вработување има поднесено околу 3.900 барања за користење на надоместокот во слулај на невработеност. До сега се решени 1.800, а 1.900 се во обработка, додека само 100 се негативни што значи дека има пондесено ваков тип на барања и позитивно се решаваат во најголем дел и тој систем на поддршка си продолжува за работниците“, рече Царовска.
Вицепремиерката истакна дека ова укажува дека системот повторно ги превзема граѓаните и државата има одредена заштитна функција. Исто така, тоа е показател дека системите се подготвени да одговорат уште пред да ја имаме кризата, односно дека онаму кадешто ќе се јави предизвик да одредено лице влезе во длабока сиромаштија заради невработеност државата да излезе во пресрет.
„ Замислете ги оние 12.000 стечајци сега да немаа никаков приход. Замислете ги оние 30.000 домаќинства во систем на социјална заштита се уште да беа на 3.000 денари, наместо денешните 10.000. замислете да во март престанеше да се издава енегетскиот додаток ќе имаа по 1.000 денари помалку... Мислам дека целиот систем досега поддржа голема група на граѓани и без кризата и сега затоа ударот по кризата ќе биде помал за овие граѓани, за коишто досега сме направиле одредено подобрување на живеењето. Да не зборуваме дека минималната плата ја качивме за 60% и таа се одржува, и понатаму се што креираме креираме да ги поддржи и компаниите да ги задржат работните места и работниците ако останат без работа да може системот да ги прифати“, рече Царовска.
Вицепремиерката рече дека во тек се разговори и консултации со синдикатите, граѓанските здруженија и преставници од Владата за да се направи баланс помеѓу работодавачите и работниците во уредбите коишто ги носи владата.
„Целта двете страни имаат придобивка од мерките коишто ги носиме и јас сум сигурна дека ќе постигнеме таков договор се со цел да можеби одредена фирма досега ако отпуштила работници да може да ги оствари субвенциите за да може да ги задржи останатите вработени. Секако и вработените да добијат одредени бенефиции или одредена поддршка од страна на државата“, рече Царовска.