Средба на премиерот Спасовски и на владини претставници со членови на Економскиот совет, на претставници на коморите, синдикални претставници: Се финализира третиот сет економски мерки за поддршка на граѓаните и стопанството

13 мај 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, од заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, како и за координација на меѓународната помош во време на здравствено-економската криза, Бујар Османи, од министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и заменик министерката за финансии, Ширет Елези, го одржа третиот состанок со членовите на Економскиот совет, експерти, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на коморите, синдикални претставници.

На состанокот е разговарано за третиот сет економски мерки што е предвидено да ги донесе Владата.

Премиерот Спасовски истакна дека третиот сет мерки има за цел поддршка и на граѓаните и стопанството.

На средбата е разговарано за актуелната економска состојба во време на здравствената криза, за досегашната поддршка во економијата со претходните два сета економски мерки, за новите потребни мерки и за проекциите за можна ревитализација на економски план.

Разменетите мислења, сугестии, предлози околу новите мерки како државна помош во економијата, како што е најавено, ќе бидат земени предвид при финализирањето на новиот сет економски мерки.

English
АКТУЕЛНОСТИ: