Вицепремиерката Царовска: Првите два сета мерки ги даваат резултатите, граѓаните и компаниите ја препознаа и ја користат поддршката

18 мај 2020


Заменичката на Претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска за Утрински брифинг на Слободна ТВ потенцираше дека првите два пакета на мерки за ковид кризата даваат резултати.

„Во однос на компаниите за финансиска поддршка, кои побарале поддршка за исплата на 14.500 денари, 16.546 компании влегле во системот на УЈП, за 103 илјади вработени и ова е навистина бројка којашто е очекувана, а е очекуван и ефектот за заштита на работните места. Во делот кој се однесува за кредитирање, за линија за бескаматни кредити Ковид 1: 738 барања за кредитирање за 6.524 вработени, од кои 51% од компаниите се угостители, а 43% се компании од транспортот. Ова се бескаматни кредити со шест месечен грејс период, и со оваа мерка се подобрува ликвидноста на компаниите. За гарантиран приход поднесени се 4.500 барања, во агенција за вработување, а 5.000 барање се поднесени од граѓани во случај на невработеност, од кои веќе 2.500 барања се решени. Ова укажува дека граѓаните препознаваат која институција за што е одговорна, каде може да се обратат за помош, се со цел да им се ублажат последиците во овие два месеци, додека трае кризата“, рече Царовска.

Вицепремиерката истакна дека првиот и вториот пакет на мерки беа директно наменети за решавање на интервентните, горливите потреби на граѓаните, додека третиот сет на мерки е развоен.  

„Тоа е стратегија, чекор по чекор, како секое секторче кое што носи во БДП одредена вредност, да го поддржиме за да се развие, не само да го заштитиме да не пропадне, туку и да им дадеме „ветер во грб“, за да сите тие понатаму ја движат економијата. Верувам дека виталните фирми ќе ги искористат мерките од третиот пакет, да се вратат на патеката на развој и со тоа да повлечат кон економскиот раст на земјата“, подвлече Царовска.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: