Забраната за движење во недела, на 24-ти мај, стапува во 11:00 часот и ќе трае до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот наутро, задолжителниот државен карантин за лица кои доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест

22 мај 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот.

Во сабота, на 23-ти мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

На оваа седница е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

English
АКТУЕЛНОСТИ: