Одржан состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации – ЕУ со поддршка на малите и средни компании, поттикнување на иновативноста и технолошкиот развој

22 јуни 2020


Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 Програмата на ЕУ, предводена од  заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска,  денес одржа он-лајн работен состанок со претставници на меѓународните институции – донатори на средствата наменети за оваа програма.

 Станува збор за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, којшто се однесува на  поттикнување на претриемништвото, поддршка на малите и средни претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновативноста и технолошки развој. 

Вицепремиерката Царовска во своето воведно излагање рече дека  Владата на Северна Македонија во својата Стратегија за приоритет го смета индустрискиот раст и развој, јакнењето на домашните бизниси и новите иновативни идеи, како и продолжување на директните инвестиции кои имаат значајно учество во економскиот раст и развој на државата. Владата ќе биде посветена за спроведување на потребните реформи за унапредување на бизнис климата и обезбедување на подобри услови за сите компании, особено малите и средните фирми, а поддршката од ЕУ е добродојдена за исполнување на потребните критериуми и усогласување на домашното законодавство со европското, пред се во насока на отворање на преговорите за членство во Унијата.

Секторската работна група за конкурентност и иновации, во којашто освен заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, учествуваат и Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Централниот регистар, Царинската управа и други надлежни организации и институции, ќе ги продолжи преговорите со ЕУ и во наредниот период.   
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: