Вицепремиерката Царовска и замениците министри Колемишевски и Павлески во Вевчани – Инвестираме во малите општини, за побрз локален и регионален развој

23 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со заменикот министер за економија Кирил Колемишевски и заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески, а придружувани од градоначаникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, денес извршија увид на завршени и тековни активности за реализација на потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европска Унија и во соработа со канцеларијата на Светска банка. 

По извршениот увид Вицепремиерката Царовска го изрази своето задоволство од сработеното и посочи дека реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани.

„Владата на Република Северна Македонија, во соработка со Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светската банка обезбеди 1 милион евра за реконструкцијата на овој објект. Навистина содржината која ќе ја понуди овој мултифункционален објект ќе испровоцира многу туристи од нашата земја и од странство да го посетат Вевчани. Оваа општина поседува големо културно богатство, кое ќе биде презентирано во музејот во рамките на објектот, а се одликува и со убава природа, во која може да уживаат туристите кои ќе ја посетат. Владата има една чиста цел, а тоа е да се инвестира во развојот на малите општини, во помалки развиените региони, затоа што само на тој начин можеме да инвестираме во вистински економски развој во целата држава. Целиме кон тоа секоја општина да го достигне максималниот потенцијал и да имаме рамномерен развој на регионите, со што ќе се максимизира и економскиот раст на државата. Со вложувањето во локалниот туризам, ја промовираме државата и даваме можност туристите од светот, но и домашните туристи ги посетат овие места и на тој начин да се развива локалната економија“, нагласи вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески посочи дека инвестицијата од околу 1 милион евра во реконструкција и опремување на мултифункционалниот туристички објект е од големо значење за општината бидејќи во истиот ќе биде изложено големото културно богатство на оваа Вевчани.

„Тука се и познатите „Вевчански извори“, кои се посетени од голем број на туристи, а со изградбата на овој објект, туристите ќе можат да добијат повеќе информации за Вевчани и за целиот регион. Со вложувањата во подигнување на конкурентноста, се зголемуваат потенцијалите на општините, се забрзува локалниот и регионалниот развој, а Владата го препознава потенцијалот на општините и вложува во нив. Во изминатите три години, Министерството за локална самоуправа со 23 милиони денари поддржа неколку проекти во Вевчани,  со кои се подобрува животот на граѓаните. Тоа се проекти за изградба и рехабилитација на улици, канализација, подобрување на енергетската ефикасност на објекти и изработка на проектно-планска документација“, посочи заменик министерот Павлески.

Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски ги презентираше деталите од потпроектот „Туристички центар Вевчани – еден центар, еден туристички производ“, дел од проектот за локална и регионална конкурентност, со кој значително ќе се зголеми туристичката понуда во Вевчани и регионот.

„Вкупната корисна површина на мултифункционалниот туристички центар е 1.400 метри квадратни, во кој се вклучени конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала и друго. Во моментов се врши внатрешно опремување на објектот и за кусо време објектот ќе биде во функција. Се работи и на партерно уредување на просторот со што туристиччкиот центар добива нов, модерен изглед“, кажа градоначаникот на Вевчани, Сашо Јанкоски. 

 

Линк до видео со инсерти од посетата и изјави на вицепремиерката Царовска, заменикот министер Павлески и градоначалникот на Вевчани Јанкоски:

English
АКТУЕЛНОСТИ: