Вицепремиерката Царовска, министрите Филипче и Манчевски и дополнителната заменичка министерка Шкријељ на работен состанок со културните работници дискутираа за предлог протокол за организација на јавни настани

25 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, министрите за здравство, Венко Филипче и за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка министерка за  труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денес во „Паркот на Франкoфонијата“, одржаа работен состанок со преставници од Здружението на културни работници. 

На состанокот се разговараше за предлог протоколот за организација на јавни настани, вклучувајќи ги и поголемите културно-забавни манифестации во услови на коронавирусот Ковид-19.

Вицепремиерката Царовска и останатите присутни министри на состанокот истакнаа дека Владата ќе ја разгледа оваа иницијатива од културните работници и ќе постапи во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.

Преставниците на Здружението  истакнаа дека организацијата на настаните како што се концерти и фестивали е возможна и во услови кога светот се соочува со пандемијата, доколу истите се прават под строго утврдени протоколи за заштита на здравјето на присутните. Здружението е подготвено преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информира граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните.
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: