Вицепремиерката Царовска на работен состанок за текот на проектот СиРеРа – Електронскиот систем за рамномерен регионален развој се воспоставува со забрзана динамика

23 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, денес, преку видео конференциска врска, одржа работен состанок со вработените во проектната единица која го спроведува Проектот за изработа и воведување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа).

Вицепремиерката Царовска, која е и претседавач со интересорското тело – Советот за рамномерен регионален развој, потенцираше дека воведувањето на овој елекронски систем ќе доведе до повисока ефикасност во спроведување на програмите и деловите од програмите со кои се алоцирани средства за регионален развој, воспоставување ефикасен механизам за мониторинг и евалуација на степенот на развиеност на планските региони и обезбедување податоци за подобро донесување на одлуки од страна на Советот за рамномерен регионален развој.

Од проектната единица информираа дека проектот се реализира со забрзана динамика на активностите, извршени се тестирања на сите модули кои се предвидени како содржина во електронскиот систем, а анализата покажува дека електронскиот систем, односно алатките кои што ги обезбедува за согледување на рамномерниот регионален развој се развиени 80%, односно потребни се уште само мали модификации со коишто електронскиот систем би бил потполно функционален.

Преку проектот, којшто е во надлежност на Кабинетот на Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања во наредниот период ќе се спроведат и други активности, паралелно со надградбата на електронскиот систем. Ќе биде организарано менторство на претставниците на владините институции за администрирање на системот, обезбедување поддршка за обединување на форматите на програмите и подготовка на критериуми за распределба на средства, давање поддршка на Техничката работна група за   подобрување на меѓуминистерската соработка.  Воедно ќе се организираат серија на работилници за заедничко планирање на политиката за рамномерен регионален развој (заедничко планирање и усогласување на програмите) работилници за споделување на резултати и работилници за владини институции, плански региони, општини и други корисници. 
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: