1 декември, 2017 година
Почитувани,
Ве информираме дека на 1 декември 2017 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на свеченоста по повод потпишување на договор за закуп на градежно земјиште помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и компанијата Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.
Договорот ќе го потпишат директорот на дирекцијата за ТИРЗ Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејул Ѓулсој.
Настанот ќе се одржи во Медиа центарот на Владата на Република Македонија и ќе започне во 14:30 часот.
Ни претставува задоволство да ги поканиме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да ги проследат обраќањата на вицепремиерот Анѓушев, директорот Младеновски и г-дин Ѓулсој.