Основни информации
Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е четиригодишна инвестициска операција финансирана со дотација од Европската унија (ИПА 2) и се состои од четири компоненти. ПЛРК се заснова на сеопфатен пристап кон развојот на туризмот и управувањето со дестинациите и ќе обезбеди инвестициско финансирање и градење на капацитет како поддршка на растот на секторот, инвестициите во дестинациите и просперитетот на конкретните дестинации.
Развојната цел на проектот ПЛРК е подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите.
Компоненти на проектот
Компонента 1: Техничка помош за развој на туризмот (спроведувана од Банката)
Оваа компонента на проектот ќе го подобри капацитетот на институциите и деловното опкружување за поддршка на развојот на туризмот на национално ниво, преку советодавни услуги, аналитичка помош и совети за јавни политики. Подрачјата во фокусот произлегуваат непосредно од дијагностиката која ги нагласи клучните предизвици. Оваа компонента вклучува техничка помош за следниве активности:
- Подобрување на институционалната координација, вклучувајќи и помош за спроведување на препораките за зајакнување на механизмите за и резултатите од хоризонталната и вертикалната институционална координација кај институциите на централно ниво, помеѓу централното и регионалното односно локалното ниво и кај единиците на локална самоуправа
- Прегледување и дава мислење за нацрт Националната стратегија за туризам за периодот од 2016 година па натака, која е во подготовка, нејзиниот акционен план и влијанијата врз социјалните аспекти и животната средина.
- Подобрување на достапноста и користењето на податоците во насока на подобро изготвување на јавните политики, вклучувајќи и помош за поддршка на Владата во спроведувањето на препораките на тековната состојба со собирањето на податоците во секторот и нивната примена во творењето на јавни политики засновани на докази.
- Подобрување на деловното опкружување, вклучувајќи и финансирање на одредени анализи и совети за мерки поврзани со туризмот, особено во областите на индустриските стандарди, лиценцирањето, акредитацијата и регулаторното оптоварување на микро и малите претпријтија.
- Поддршка и навремен технички совет на ЕСП и агенцијата за спроведување, вклучувајќи ја тука и поддршката на Светска банка за спроведувањето на активностите на проектот. Ова подразбира, меѓу другото, изготвување на прирачник за грантови за финансиските инструменти во рамките на компонентата 3.
Компонента 2: Зајакнување на управувањето со дестинацијата и поволното опкружување
Оваа компонента ќе го поддржи спроведувањето на активностите за подобрување на развојот на туризмот на централно ниво и на ниво на дестинациите, вклучувајќи но не ограничувајќи се:
Пот-компонента 2.1: Капацитет, координација и јави политики на централно ниво
- Обуки за јавно приватен дијалог и развој на туризмот;
- Системи и опрема за спроведување на подобрувањата во собирањето на податоци и информации, поврзување со изготвувањето на јавните политики; и
- Техничка помош за спроведување на реформи на деловното опкружување (вклучувајќи одредена опрема, како на пример за ИТ).
Пот-компонента 2.2: Управување со дестинации
ПЛРК ќе гради капацитети за управување со дестинациите во дестинациите кои учествуваат во проектот, за поефикасно управување со развојот на туризмот и обезбедување на поголеми влијанија за локалните луѓе. Оваа пот-компонента ќе обезбеди поддршка преку техничка поддршка и ограничена опрема односно услуги.
Управувањето со дестинациите ќе се подобри со примена на пристап насочен кон јавно-приватниот дијалог (ЈПД) со клучните чинители (вклучувајќи ги тука и туристичките бизниси и туроператори, општините, центрите за регионален развој, НВО, локалните институции за развој на вештини и обезбедување на услуги и други) во дестинацијата.
Компонента 3: Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите
Оваа компонента ќе поддржи клучни инвестиции кои ќе имаат влијание врз зголемувањето на привлечноста на одредени дестинации преку надградени понуди на производи и поврзувања со локалните економии за да се опфати поголем удел на економските придобивки. Компонентата ќе обезбеди средства за инвестиции во инфраструктурни и останати активности (обука, изданија, надградување на способноста на добавувачите итн.) во дестинациите кои учествуваат во ПЛРК.
Пот-компонента 3.1: Инфраструктурни инвестиции
Пот-компонента 3.2: Поврзувања и поддотации на иновации
Овие пот-компоненти претставуваат интегриран сет на мерки кои ќе ја подобрат привлечноста на ограничен број на туристички дестинации преку паметна комбинација на „меки“ и „тврди“ мерки. Финансираните предлози за потпроекти треба да: (1) ги исполнат потребите на областа/коридорот; (2) имаат позитивен економски и финансиски резултат; (3) привлекуваат дополнителни инвестиции од приватниот сектор и деловен развој; и (4) бидат одржливи со текот на времето. Интегриран со активностите за управување со дестинациите од Компонента 2, пакетот на интервенции ќе овозможи остварување на влијанија како што се создавање на работни места, привлекување на нови туристи, зголемен број на преноќувања по турист, зголемување на приходите и даноците генерирани од туристички активности и можности за учество на рурални, сиромашни маргинализирани заедници.
Компонента 4: Зајакнување на управувањето со Проектот
Оваа компонента ќе го поддржи капацитетот на ЕСП да осигури дека сите активности, спроведени во рамките на ПЛРК се спроведени делотворно. Ќе се финансира техничка експертиза (консултанти), обука, опрема, оперативни трошоци и опрема поврзана со спроведувањето, следењето и оценувањето на активностите на проектот.
Вработените и консултантите на ЕСП ќе бидат обучени, согласно со потребите, за туристички развој и управување со дестинациите, како и во концептите, јавните политики и активностите поддржани во рамките на ПЛРК. Вработените на ЕСП исто така ќе обезбедат и обука за општините/јавните субјекти корисници, за туристички развој, културно наследство, регионален развој и други сродни области.
За повеќе информации, пристапете на веб страницата на Проектот за локална и регионална конкурентност
________________________________________________________________________________
Local and Regional Competitiveness Project (LRCP)
Background information
Local and Regional Competitiveness Project (LRCP) is a four-year investment operation financed with a grant from the European Union (IPA II), and consists four components. LRCP is based on a holistic approach to tourism development and destination management and will provide investment funding and capacity building to support sector growth, investment in destinations, and specific destination prosperity.
The Project Development Objective of the LRCP is to enhance the contribution of tourism to local economic development and improve the capacity of the Government and public entities to foster tourism growth and facilitate destination management.
Project components
Component 1: Technical Assistance for Tourism Development (World Bank Executed)
This Project Component will improve the capacity of institutions and business environment in support of tourism development at the national level, through advisory services, analytical assistance, and policy advice. Areas of focus are derived directly from diagnostic work that highlights key challenges. This component includes technical assistance for the following activities:
- Improve institutional coordination, including assistance to implement recommendations for strengthening the horizontal and vertical institutional coordination mechanisms and results among the institutions at the central level, from the central to the regional and local levels and among the units at the local level.7
- Review and advise on the draft National Tourism Strategy for the period 2016 onward (currently under preparation), its action plan, and its environmental and social impacts.
- Improve the availability and use of data to inform policy-making, including assistance to support the Government as it implements recommendations on the current state of data collection in the sector and its use for evidence-based policy-making.
- Improve the business environment, including funding selected analysis and advice on measures specific to tourism, particularly in the areas of industry standards, licensing, accreditation, and the regulatory burden on micro and small enterprises.
- Support and just-in time technical advice to the PIU and Implementing Agency, including the World Bank’s implementation support to the project’s activities. This includes, among other things, development of the Grant Manual (rulebooks) of the financing instruments under Component 3.
Component 2: Strengthening Destination Management and Enabling Environment
This component will support implementation of activities to enhance tourism development at the central government level and at the destination level, including but not limited to:
Sub-component 2.1: Central Level Capacity, Coordination and Policy
- training in public-private dialogue and tourism development;
- systems and equipment to implement improvements in data- and information-gathering, its linkages with policy-making; and
- technical assistance to implement business environment reforms (including selected equipment, e.g. IT).
Sub-component 2.2: Destination Management
LRCP will build Destination Management capacity in the destinations participating in the project, in order to more effectively manage tourism development and provide greater impacts for local people. This Sub-component will provide support through technical assistance and limited equipment or service provision.
Destination Management will be improved through an approach centered on public-private dialogue (PPD) with key stakeholders (including tourism businesses and tour operators, municipalities, centers for regional development, NGOs, local service or skills development institutions, and others) in the destination.
Component 3: Investment in Tourism-Related Infrastructure and Linkages at Destinations
This component will support key investments that will make an impact on increasing the attractiveness of the selected destinations through upgraded product offerings and linkages with local economies to capture a greater share of economic benefits. The component will provide funds for investment in infrastructure and non-infrastructure activities (training, publications, upgrading of supplier capabilities, etc.) in the destinations participating in LRCP.
Sub-component 3.1: Infrastructure Investments
Sub-component 3.2: Linkages and Innovation Sub-grants)
These sub-components shall be considered as an integrated set of measures that will improve the attractiveness of a limited number of touristic destinations through a smart combination of “soft” and “hard” measures. Financed Sub-project proposals must: (i) meet the needs of the circuit/corridor; (ii) have positive economic and financial returns; (iii) attract further private sector investment and business development; and (iv) be sustainable over time. Integrated with the destination management activities from Component 2, the package of interventions will facilitate the realization of impacts such as job creation, attraction of new tourists, increased overnights and spending per tourist, increase in revenue and tax generated from tourism related activities, and opportunities for participation by rural, poor, and marginalized communities.
Component 4: Strengthening Project Management
This component will support the capacity of the PIU to ensure that all activities executed under LRCP are effectively implemented. It will finance technical expertise (consultants), training, equipment, operating costs, and equipment associated with implementation, monitoring and evaluation of project activities.
Staff and consultants of the PIU will be trained, as necessary, in tourism development and destination management, and in the concepts, policies and activities supported
under LRCP. PIU staff will also provide training to beneficiary municipalities/public entities in tourism development, cultural heritage, regional development, and related areas.
For more information go to the web page of Local and Regional Competitiveness Project