Платформа за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан

Western Balkans Enterprise Development & Innovation Facility (WB EDIF)

 

  1. Вовед за платформата

 

Платформата за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан е регионален проект којшто е поддржан од Европската Комисија, координиран од Европскиот инвестициски фонд, додека партнери и инвеститори се Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, OECD, Светска Банка, KFW банката, а со формирањето на Советодавната Група на Платформата (Platform Advisory Group – PAG), во Декември 2012 година, овој проект и официјално започна со работа. Земји учеснички во овој проект се: Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Косово. Преку вклучувањето во овој проект, компаниите од регионот добиваат пристап до нови финансиски извори во износ од преку 190 милиони евра, средства наменети за поддршка на нови, иновативни проекти и компании со голем потенцијал за раст. Најголем дел од средствата (преку 80%) ќе бидат инвестирани како директни (Еквити) инвестиции во компаниите, додека помал дел од нив ќе бидат пласирани индиректно преку кредити преку комерцијалните банки, а Платформата ќе се јави како гарантор на кредитите.

 

Управувањето со платформата е доверено на Советодавната група за Западен Балкан која се состои од членови од релевантните меѓународни финансиски институции, билатерални донатори и влади на земјите од Западен Балкан, како и набљудувачи. Номиниран член за советодавната група од Република Северна Македонија е Александар Андовски од Кабинетот на Вицепремиерот задолжен за економски прашања.

 

Платформата се состои од 4 столбови и тоа:

1 СТОЛБ: Капитално финансирање на малите и средни претпријатија кој се состои од две компоненти и тоа:

  • Регионален Фонд за иновации (Enterprise Innovation Fund – ENIF) со проектиран буџет од 40 милиони евра
  • Фонд за експанзија (Enterprise Expansion Fund – ENEF) со буџет од 48.5 милиони евра (се очекува да стигне до 100 милиони евра)

 

2 СТОЛБ: Гарантен фонд за МСП за олеснување на кредитирањето:

  • Гарантен фонд (Guarantee Facility – GF) со вкупен буџет од 37.5 милиони евра 

 

3 СТОЛБ: Дирекно кредитирање кое сеуште е во почетна фаза и ќе се реализира преку финансиски посредници

 

4 СТОЛБ: Техничка помош и советодавни услуги:

Фонд за техничка помош (Technical Assistance Facility – ТА) со буџет од ~8 милиони евра

English
АКТУЕЛНОСТИ: