Вицепремиерот Битиќи на средба со амбасадорката Галовеј – Обединетото Кралство е традиционално добар партнер на Северна Македонија, економската соработка продолжува да се интензивира

10 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј, со која разговараа за економските приоритети на Владата во новиот мандат, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји како и можностите за развој на истата. 

Вицепремиерот Битиќи ги претстави економските приоритетети на Владата во наредниот четири годишен мандат, при што посочи дека врвен приоритет е справувањето со кризата предизвикана од КОВИД - 19, како и креирањето на новиот четврт пакет економски мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството.

Тој посочи дека цел на оваа Влада е да се креираат политики кои ќе го забрзаат растот и развојот на економијата, ќе овозможат нови странски и домашни инвестиции, технолошки развој на компаниите и иновации, како и креирање на нови работни места.

Членството на Северна Македонија во НАТО и отворање на преговорите за членство во ЕУ, се процеси кои носат дополнителна стабилност и безбедност за инвеститорите и граѓаните, а со кои се обезбедуваат услови за реализација на политиките за новата развојна економија на земјата,  дополни вицепремиерот Битиќи. 

Британската амбасадорка Галовеј му честиташе на Вицепремиерот Битиќи за преземањето на функцијата и искажа отвореност од страна на Обединетото Кралство за поддршка на Северна Македонија во спроведување на потребните реформи кои ќе значат побрз економски развој и подобар стандард и квалитет на живот за граѓаните како и во креирањето на политики кои ќе не движат напред по европскиот пат. 

Обединетото Кралство е традиционално добар трговски партнер на нашата земја, во првите седум месеци во 2020 година според официјалните статистики за трговската размена е позиционирана на второто место,  и покрај кризата која беше предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19, извозот кон оваа земја бележи раст над 7%.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Галовеј се заложија дека соработката и партнерскиот однос помеѓу двете земји ќе продолжи и во овој мандат. 

English
АКТУЕЛНОСТИ: