Вицепремиерот Битиќи на работен состанок со Стопанската комора на Северозападна Македонија – Владата и коморите мора да соработуваат во интерес на граѓаните и економијата

10 септември 2020


Во свечената сала на Владата, на инцијатива на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се одржа работен состанок, на кој присуствуваше претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и други претставници од компании, членки на комората, а на кој се дискутираше за идните економски политики на Владата, како и тековните предизвици со кои се соочуваат компаниите во време на социо-економската криза.

Вицепремиерот Битиќи, го реафирмираше ставот дека Владата го слуша гласот на сите чинители во економскиот живот, а недвосмислено коморите, како претставници на компаниите се една клучна алка во креирањето на развојни економски политики. Преку соработка, инклузивност и доверба ќе се креираат економските политики, Владата тежнее кон создавање на нова развојна и одржлива економија, а еден од клучените елементи во тој процес се компаниите и коморите, кои ги обединуваат потребите на претпријатијата, истакна вицепремиерот Битиќи. 

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочија компаниите и државата, но и целиот свет, а кои доаѓаат како последица од пандемијата предизвикана од коронавирусот, Вицепремиерот посочи дека Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место. 

Тој додаде дека четвртиот сет на мерки, кој е во подготовка и ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата. Токму состаноци како овој, подвлече Битиќи, ни даваат вистинска слика кои се потребите на стопанството и каде треба да делуваме.

English
АКТУЕЛНОСТИ: