Вицепремиерот Битиќи на работен состанок со МАТТО – Мерките од четвртиот сет се креираат во координација со сите засегнати страни

11 септември 2020


Во рамките на серијата на средби со стопанските комори, граѓански организации и странски партнери, а во насока на креирање квалитетни мерки кои ќе одговорат на потребите на бизнис секторот, работниците и граѓаните, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, вчера вечер во хотелот Хилтон Дабл Три, имаше средба со Македонско-турската стопанска комора МАТТО, на која присуствуваше и претседателот на МАТТО, Ајдован Адемовски.

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека економската соработката помеѓу Северна Македонија и Република Турција е на високо ниво, а како резултат на оваа соработка, компаниите од Турција се помеѓу најбројните странски инвеститори во Северна Македонија и најголемиот дел на компании со турски капитал работат со успех во нашата земја.

Надминувањето на социо-економската криза е врвен приоритет на почетокот на мандатот на Владата и во таа насока се подготвува четврт сет на мерки за поддршка на стопанството, работниците и граѓаните, соопшти Битиќи на средбата, пришто додаде дека Владата покажа отвореност и желба за соработка со сите чинители, во насока на креирање на што е можно поефикасни и поефективни мерки, за враќањето на економијата во нормала.

Претседателот на МАТТО, Адемовски изрази поддршка и отвореност за соработка. 
На средбата двете страни разговараат за предизвиците и можните решенија за излез од кризата како и можностите за понатамошен развој на стопанството, за зголемување на конкурентноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните. 

English
АКТУЕЛНОСТИ: