Известување

11 декември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека на 11 декември 2017 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и м-р Крешник Бектеши, министер за економија, ќе одржат брифинг во врска со текстот на новиот Предлог Закон за енергетика.

Брифингот ќе започне во 14:00 часот, ќе се одржи во Владата на Република Македонија и за таа цел задоволство ни е да ги поканиме уредниците и новинарите од економските редакции на медиумите да присуствуваат на брифингот (Главен влез на Владата - без камери и фото апарати).

По брифингот, во 15:00 часот, во прес аголот во Владата, вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши ќе дадат изјава за присутните медиуми (камера и фото влез преку медиа центар). 

 

English
АКТУЕЛНОСТИ: