Известување

12 декември, 2017 година

Почитувани,

Ве известуваме дека утре, на 13 декември 2017 година (среда), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања ќе се обрати на три настани.

Во 11:00 часот во хотел Александар Палас, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на форум на тема: „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст“, во организација на УСАИД и ЕПИ центар.

Во 13:00 часот во Медиа центарот на Владата вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач ќе одржат заедничка прес конференција во врска со предлог Законот за енергетика.

Во 19:30 часот во хотел Мериот вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на економски форум „Повисок економски раст за сите“, во организација на Finance Think.

Покануваме претставници на медиумите да ги проследат обраќањата и да снимат инсерти од настаните на кои ќе учествува вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев.

English
АКТУЕЛНОСТИ: