25 септември 2020
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со амбасадорот во заминување на Република Франција, Н.Е. г. Христијан Тимоние, на кого му се заблагодари за континуираната поддршка во текот на целиот амбасадорски мандат за спроведувањето на евро-интеграциските процеси на нашата земја.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Тимоние зборува и за економската соработка помеѓу двете земји, која има голем потенцијал и перспектива да се подобрува од година во година.
На средбата се зборуваше и за проектите кои се спроведуваат со поддршка на Зелениот климатски фонд, а кои предвидуваат проекти за унапредување на животната средина, справување со климатските промени и енергетска ефикасност, и кои се во согласност со Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на Организацијата на Обединети Нации.
Вицепремиерот и Амбасадорот зборуваа и за унапредување на меѓусебната економска соработка, при што Тимоние посочи дека преку француската агенција за развој ќе се поддржат проекти од повеќе области, кои ќе бидат значајни за спроведување на потребните реформи во евро-интеграцискиот пат на Северна Македонија.
Вицепремиерот Битиќи му посака на амбасадорот Тимоние многу успех во понатамошната кариера и изрази огромна благодарност за ангажманот кој го имаше како амбасадор во нашата земја и за личната посветеност во сите активности во коишто учествуваше.