Western Balkans Enterprise Development & Innovation Facility (WB EDIF)
- Вовед за платформата
Платформата за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан е регионален проект којшто е поддржан од Европската Комисија, координиран од Европскиот инвестициски фонд, додека партнери и инвеститори се Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, OECD, Светска Банка, KFW банката, а со формирањето на Советодавната Група на Платформата (Platform Advisory Group – PAG), во Декември 2012 година, овој проект и официјално започна со работа. Земји учеснички во овој проект се: Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Косово. Преку вклучувањето во овој проект, компаниите од регионот добиваат пристап до нови финансиски извори во износ од преку 190 милиони евра, средства наменети за поддршка на нови, иновативни проекти и компании со голем потенцијал за раст. Најголем дел од средствата (преку 80%) ќе бидат инвестирани како директни (Еквити) инвестиции во компаниите, додека помал дел од нив ќе бидат пласирани индиректно преку кредити преку комерцијалните банки, а Платформата ќе се јави како гарантор на кредитите.