Најави

Промоција на договори за грант од ИПА 2013

06 февруари, 2018 година

Почитувани,

Ве информираме дека на 6-ти февруари 2018 година (вторник), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на настанот за промоција на договорите за грант од ИПА 2013, за грантовата шема за имплементација на проекти за зголемување на конкурентноста во земјата и за грантовата шема за зголемено учество на граѓанскиот секот во реформите поврзани со интеграцијата во Европската Унија .

English

Свечена академија Свети Сава- Известување

27 јануари, 2018 година

Почитувани,

Ве информираме дека на 27 јануари 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на свечeната Светосавска академија по повод Националниот ден на Србите во Македонија.

Свечената академија ќе започне во 19:30 часот, а ќе се одржува во објектот на Македонската опера и балет.

English

Обраќање на настан за свечено отворање на CEED HUB 26.01.2018

26 јануари, 2018 година

Почитувани,

Ве информираме дека на 26 јануари 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на настанот по повод свеченото отворање на новите простории на CEED центарот (Centre for Entrepreneurship and Executive Development Hub).

Настанот ќе започне околу 11:00 часот, а ќе се одржува во кампусот на Машинскиот факултет во Скопје (лимени бараки).

English

Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на Светата литургија по повод Божиќ во Католичката црква во Скопје

24 декември, 2017 година

Ве информираме дека вечерва, на 24 декември 2017 година (недела) во 21:00 часот, д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, ќе присуствува на Светата .литургија по повод раѓањето Христово – Божиќ, која ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

English

Известување

17 декември, 2017 година

Почитувани,

Ве информираме дека утре, на 18 декември 2017 година (понеделник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се обратат на официјалното отворање на „Националната работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со Зелениот климатски фонд“.

English

Pages

Subscribe to RSS - Најави