Календар на настани

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на дебата „Силна економија - шанса за сите“ со граѓаните и компаниите од Велес

Утре (сабота, 26.01.2019) во големата сала на општина Велес во 11:00 часот ќе се одржи првата трибина од оваа серија на активности на којашто граѓаните и претставниците на компаниите од Велес ќе дебатираат со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.  

Трибините со граѓаните „Силна економија - шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.
 

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Ве информираме дека утре, на 31 јули 2018 година (вторник), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе одржи конференција за медиумите во Медиа центарот на Владата во 11:00 часот.

Покануваме претставници на медиумите да ја проследат прес конференцијата на вицепремиерот Анѓушев.

Прес конференција на вицепремиерот Анѓушев

Почитувани,

Ве информирање дека денес (понеделник) во 16:30 часот, во Медија центарот на Владата, Заменик претседалот на Владата задолжен за економски прашања ќе одржи прес конференција.

Покануваме претставници на медиумите да ја проследат конференцијата за медиуми на вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев и МЗШВ Николовски потпишуваат договори со ФАО

Почитувани,

Ве информираме дека утре (на 11 јули), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија (Свечена сала), ќе се одржи свеченост на која официјално ќе се потпишуваат Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Македонија (2018-2020) и Првиот проект имплементиран од ФАО за Република Македонија, финансиран од Програмата за подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд

Pages

Subscribe to RSS - Календар на настани