Соопштенија

Енергетска заедница: Република Северна Македонија прва членка која спроведе конкурентен јавен тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија

01 март 2019

Енергетската заедница, во своето соопштение до јавноста, ги поздрави реформите кои се спроведуваат во енергетскиот сектор во Република Северна Македонија, при што нотираше дека нашата земја е прва членка на ЕЗ која спровела конкурентна тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

English

Средба Aнѓушев-Брегу: со посилна регионална соработка стануваме поатрактивни за ЕУ

21 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со ново избраниот генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council), г-ѓа Мајлинда Брегу, поранешна пратеничка во албанскиот парламент, министер и портпарол во Владата на Република Албанија.

English

ДЕМАНТ НА ПРИЛОГОТ „АЛФА ИСТРАЖУВА: СОМНИТЕЛНА ЦЕСИЈА ПОМЕЃУ КОМПАНИЈАТА НА АНЃУШЕВ И ФЕНИ“, ЕМИТУВАН НА ТВ АЛФА НА 7 НОЕМВРИ 2018 ГОДИНА И ОБЈАВИТЕ НА ПОРТАЛИ „АНЃУШЕВ И УЈП ФАТЕНИ ВО КРИМИНАЛ ВРЕДЕН 1,1 МИЛИОНИ ЕВРА – ФИРМАТА НА МИНИСТЕРОТ ПРАВЕЛА НЕЛЕГ

Почитувани,

Во врска со прилогот „Алфа истражува: сомнителна цесија помеѓу компанијата на Анѓушев и Фени“, емитуван на ТВ Алфа на 7 ноември 2018 година, би сакале да Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев категорично ги демантира лажните вести произлезени од пласираните неточни информации во прилогот на ТВ Алфа и на порталот Лидер, како и на неколку други портали  во врска со наплатата на долгот од Фени Индустри.

English

Реакција на прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ: Договорот за концесија е склучен во 2015 со поранешната влада, административните постапки се спроведуваат согласно законите на Република Македонија

Во врска со прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на 24-ти октомври 2018 година, ја информираме јавноста, дека повторно, по кој знае кој пат, беа изнесени неточни информации односно невистини преку кои неуспешно се прави обид да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на Претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев.
 

English

Реакција до ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за концесија е склучен во 2015, државата има обврска да доделува земјиште под закуп за сите хидроцентрали

Во врска со прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на 22-ри октомври 2018 година, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста, дека се работи за изнесување на неточни информации преку кои се прави обид да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, на Претседателот на Владата, Зоран Заев и Заменикот на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев.

English

Pages

Subscribe to RSS - Соопштенија