Од 23-тата Владина седница: Донесена Одлука за постоење на кризна состојба во траење од 30 дена, почнувајќи од денеска

20 ноември 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 23-та седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Undefined

Битиќи во посета на Еуроникел индустри – Владата ќе продолжи да ги поддржува компаниите во нови инвестициски потфати за поголема конкурентност

20 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ја посети компанијата Еуроникел индустри во Кавадарци, каде се сретна со генералните директори на компанија и се информираше за тековните производни активности во комбинатот и нивните идни деловни планови.

Undefined

Од 22-та седница на Владата: Донесени решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

19 ноември 2020

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новиот француски амбасадор Бомгартнер – Да ја унапредуваме и поттикнуваме меѓусебната политичка и економска соработка, потенцијалот за соработка е голем

19 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер, со кого разговараа за досегашната политичка соработка помеѓу Владата и амбасадата, за економската соработка помеѓу двете земји и за активности со кои соработката ќе се унапреди.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS