Премиерот Заев и министерот Бектеши: Финансиска поддршка за 400 компании во износ од 17.2 милиони за инвестиции и зајакнување на конкурентноста

12 ноември 2020


„Севкупно, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

Undefined

Битиќи на состанокот за „Националниот едношалтерски систем“: Олеснувањето на трговијата е стратешка и политичка определба на државата и неопходност за подобра регионална соработка

11 ноември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на покана на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation-IFC), дел од групацијата Светска Банка, се обрати на  првиот, иницијален работен состанок за развој на Нацрт концепт за нов едношалтерски систем за трговија, кој се одржа преку видео конференциска врска.

Undefined

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

11 ноември 2020

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи:

Undefined

19-та седница на Владата: Утврден Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021; Донесена одлука за до 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

10 ноември 2020


Владата на Република Северна Македонија синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието на Република Северна Македонија и деновиве ќе биде детално презентиран пред јавноста. 

Undefined

Заев во завршната изјава за Самитот за Западен Балкан: Интегрираниот и поврзан регион со визија за заеднички регионален пазар и Зелена агенда се движи во вистинската насока и прави забрзани чекори кон ЕУ

10 ноември 2020


Лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска во Софија заврши со заеднички изјави за медиумите и за јавноста за резултатите од Самитот на ко-домаќините на настанот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, и канцеларката на СР Германија Ангела Меркел на чија иницијатива се спроведува Берлинскиот процес за регионот.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS