Владата воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за руските авиокомпании

27 Февруари 2022 година

Владата воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за руските авиокомпании

Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација.

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: