Од 25-та седница на Владата: Измените на законите за ДДВ и за акциза се испратени на усвојување во Собранието; Одобрени се средства за спроведување избори за градоначалници за Маврово-Ростуше и Центар Жупа

10 Март 2022 година

Од 25-та седница на Владата: Измените на законите за ДДВ и за акциза се испратени на усвојување во Собранието; Одобрени се средства за спроведување избори за градоначалници за Маврово-Ростуше и Центар Жупа

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница со измени и дополнувања го утврди текстот на Законот за данокот на додадена вредност.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност е предвидено намалување на стапката на данокот на додадена вредност, односно ослободување од данок на додадена вредност за определени производи, опфатени со вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

Новите законски решенија ќе обезбедат спроведување на мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0% за производите: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо; ориз и јајца.

Со измените во Законот за ДДВ ќе се ослободат од плаќање на овој данок увозот на природен гас, електрична енергија, топлинска енергија и енергијата за разладување.

На оваа седница Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за акцизи од кои се очекува намалување на малопродажни цени кај бензините и другите нафтени деривати којашто исто така беше една од мерките на Владата за запирање на растот на цените на овие енергенси.

Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и на Законот за акцизи се испратени во Собранието со предлог да бидат усвоени во итна постапка.

На денешната седница Владата донесе Одлука за одобрување средства од Буџетот за Државната изборна комисија за спроведување на избор на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа.

 

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: