Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 116 годишнината од смртта

02 мај 2019


Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.

Делегацијата положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и  оддаде почит на големиот македонски револуционер.
 
Владината делегација вечерва ќе присуствува и на концертот „Гоце 116“ на камерниот оркестар на Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија и музичари од Филхармонија на Благоевград - Р. Бугарија, под диригентската палка на Христо Христов, кој ќе се одржи вечерва во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија.

 

Линк до видео од настанот: 

English
АКТУЕЛНОСТИ: