Вицепремиерката Царовска: Честит Први мај - работниците се силата на државата од кои зависи нашиот заеднички напредок

1 мај 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска го честита меѓународниот ден на трудот - Први мај, на сите жени и мажи работници кои неуморно работат за да ја движат нашата земја напред.

“На овој ден, сакам да ви се заблагодарам на вас работниците за трудот и посветеноста која ја вложувате секој ден. Вие сте силата на оваа држава од кој зависи нашиот заеднички напредок.

Наша одговорност како политичари е да направиме се и да ви обезбедиме подобри услови за работа. Јас никогаш нема да се откажам од овие цели. Борбата за достоинствена работа никогаш не запира и таа е вечна. 

Сега, за жал, оваа борба е потешка од било кога. Се соочуваме со голема здравствена и економска криза каде први на удар сте вие работниците. Свесна сум за стравовите со кои се соочувате. Знам дека многу од вас чуствуваат несигурност. Несигурност за своето здравје, страв за своето работно место и  за својата иднина.

Ќе продолжиме со веќе воспоставената пракса на градење социјален дијалог помеѓу работодавачите, работниците и институциите. Денес сакам да ве уверам, дека ќе направиме сѐ да ви помогнеме и да ве заштитиме во овие бурни времиња. Ќе се бориме за вас и заедно ќе пребродиме!“
 

English
АКТУЕЛНОСТИ: