Филиповска-Грашкоска: Инспекторите на терен, направени се 5.213 надзори, поголемиот дел од угостителите и компаниите ги почитуваат владините мерки

3 април 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори во периодот од 28 март до први април годинава.  

Бајрактар и Шкријељ: Овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за домаќинствата кои останале без приходи

3 април 2020


Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита. Eдна од клучните мерки во вториот сет мерки за олеснување на последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19 е олеснетиот пристап до парична помош на лицата и семејствата на кои таа им е најпотребна. Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ ги објаснија прилагодувањата на системот на социјална и детска заштита укажувајќи дека секој граѓанин треба да знае дека никој не е заборавен.

Владата објави централна веб страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

2 април 2020


Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.

Спасовски: Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за сите фирми погодени од кризата или 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен, никој нема да биде изоставен

2 април 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска одржа прес-конференција на која информираше за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, за Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, и за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на финансиска помош за месеците април и мај 2020 година, што вчера и денеска беа усвоени на седниците на Владата.

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS