Вицепремиерот Aнѓушев на средба со стопанственици од Кавадарци – Владата е посветена на развој на компаниите и раст на економијата

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес во Кавадарци, оствари средба со триесетина стопанственици од овој регион, каде презентираше дел од програмите на Владата за поддршка на бизнис секторот и ги слушна потребите на бизнисмените.

Вицепремиерот Aнѓушев и Министерот Бектеши на јавна расправа за подзаконски акти од Законот за енергетика – се создаваат услови за зголемување на производството од обновливи извори на енергија

Вицепремиерот Aнѓушев и Министерот Бектеши на јавна расправа за подзаконскиЗаменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, учествуваа на јавната расправа, на која беа презентирани предлог текстовите на Правилникот за обновливи извори на енергија и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, подзаконски акти кои произлегуваат од новиот Закон за енергетика.

Потпишани договори за нови инвестиции во преносната мрежа на АД МЕПСО во висина од 18 милиони евра

Денеска во Владата на Република Македонија, во организација на АД МЕПСО се одржа настан посветен на потпишување договори со 5 реномирани компании за нови инвестиции во преносната мрежа со којашто управува операторот на електро преносниот систем на Република Македонија АД МЕПСО, во вкупен износ од 18 милиони евра. 

Владата на Република Македонија го усвои Анекс договорот бр. 3 со компанијата Синохидро – решени проблемите на автопатот Кичево-Охрид, заштедени 95 милиони евра народни пари

По една година преговори помеѓу Владата на Република Македонија и кинеската компанија Синохидро, главниот изведувач на работите на автопатската делница Кичево-Охрид, денес на Владина седница е усвоeн анекс договорот бр. 3, преку кој се финализираат преговорите и се изнајде решение за сите проблеми наследени од претходната Влада. 

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS