Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија: Надминат сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и 16.000 граѓани од овој крај денеска се снабдуваат со чиста и здрава вода

18 април  2019



Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот ја јавното претпријатие Комуналец Гевгелија, Златко Зумров денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија.

Преку овој систем за водоснабдување и бунарите денеска се снабдуваат со чиста и здрава вода околу 16.000 жители од гевгелискиот регион.
 
Во рамки на  увидот на бунарите и системот за водоснабдување градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков посочи дека е решен долгогодишниот проблем на гевгеличани со водоснабдувањето и присуството на арсен во водата за пиење,  сериозен проблем за кој алармираа граѓаните уште од 2012 година и е основа за изградба на целосно нов систем за водоснабдување кој денеска ги снабдува граѓаните со чиста, здрава и питка вода.
 
Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев имаа прилика да ги посетат просториите каде што се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.

 

Линк до видео инсерти:

 

Линк до изјава на ПВРСМ,Зоран Заев

 

Линк до изјава на ЗПВРСМ, д-р Кочо Анѓушев

 

АКТУЕЛНОСТИ: