Вицепремиерката Царовска на средба со директорот на Светска Банка Мантованели

10 јануари 2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, оствари средба со директорот на Светска Банка задолжен за Северна Македонија и Косово, г. Марко Мантованели.

За време на средбата се дискутираше за тековните проекти кои се реализираат со поддршка на Светска Банка, со особен фокус на проектот за локален и регионален развој на конкурентноста, кој се реализира со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Светска Банка. Притоа и од страна на вицепремиерката Царовска и од директорот Мантованели беше истакната успешната соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Светската банка, за поттикнување на локалниот и регионалниот економски развој и управување со туристичките дестинации.

Воедно се разговараше и за идни заеднички проекти, при што соговорниците се согласија дека меѓусебната соработка и понатаму ќе се развива во позитивна насока, пред се во интерес на побрз и одржлив економски развој и повисок животен стандард на граѓаните на Република Северна Македонија.

 

 

АКТУЕЛНОСТИ: