Проекти

Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

 

Основни информации

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е четиригодишна инвестициска операција финансирана со дотација од Европската унија (ИПА 2) и се состои од четири компоненти. ПЛРК се заснова на сеопфатен пристап кон развојот на туризмот и управувањето со дестинациите и ќе обезбеди инвестициско финансирање и градење на капацитет како поддршка на растот на секторот, инвестициите во дестинациите и просперитетот на конкретните дестинации.

English

Програма за локален и регионален инклузивен развој и проект СиРеРа МКД

Проектот за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа) потекнува од целите на Владата за развој на сите региони во Република Македонија и со тоа обезбедување подобри услови за живот за сите граѓани.

English

Одржлив развој и Агенда 2030

 

Од осамостојувањето во 1991 година, Република Северна Македонија оствари значителен напредок кон одржливиот развој и рационално користење на природните ресурси. Овој процес се водеше според основните вредности содржани во Уставот, правната рамка, стратегиските документи и политики, како што се Националниот план за развој 2007-2009, Националната стратегија за одржлив развој 2009-2030, Стратегијата за регионален развој 2009-2019, итн. Во 2015 година, Владата ја реафирмира својата заложба кон одржливиот развој, обврзувајќи се кон принципот „никој нема да биде изоставен“ и се согласи да ја спроведе Агендата 2030.

English

Платформа за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан

Western Balkans Enterprise Development & Innovation Facility (WB EDIF)

 

  1. Вовед за платформата

 

Платформата за развој на претпријатија и иновации во Западен Балкан е регионален проект којшто е поддржан од Европската Комисија, координиран од Европскиот инвестициски фонд, додека партнери и инвеститори се Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, OECD, Светска Банка, KFW банката, а со формирањето на Советодавната Група на Платформата (Platform Advisory Group – PAG), во Декември 2012 година, овој проект и официјално започна со работа. Земји учеснички во овој проект се: Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Косово. Преку вклучувањето во овој проект, компаниите од регионот добиваат пристап до нови финансиски извори во износ од преку 190 милиони евра, средства наменети за поддршка на нови, иновативни проекти и компании со голем потенцијал за раст. Најголем дел од средствата (преку 80%) ќе бидат инвестирани како директни (Еквити) инвестиции во компаниите, додека помал дел од нив ќе бидат пласирани индиректно преку кредити преку комерцијалните банки, а Платформата ќе се јави како гарантор на кредитите.

English

Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд

 

  • Држава примател: Северна Македонија
  • Буџет на проектот: 300.000 УСД
  • Област на подготвеност: Зајакнување на ННО и на процесот на програмирање
  • Период на имплементација: Септември 2018 - Октомври 2019
  • Статус: Завршен

 

English

Pages

Subscribe to RSS - Проекти