Од 120-тата седница на Владата: Прогласена тридневна жалост поради трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија; Одобрена е нова стратешка инвестиција за соларен парк до 300 мегавати вреден 270 милиони евра

24 Ноември 2021 година


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница им оддаде почит на жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, изрази сочувство до нивните семејства и донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска го отворија првиот Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија

19 Ноември 2021 година


На денешното отворање на првиот Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, рече дека Центарот ќе овозможи системска поддршка на новите и на постојните социјални претпријатија, бидејќи тие се клучни во  решавање на предизвиците на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите групи на  граѓани. На сите заинтересирани Националниот центар ќе им овозможи да добијат едукација, советување, обука, како и финансиска поддршка.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на Самитот на „Macedonia 2025“ – Дигитализацијата е потребна за ефикасно и ефективно решавање на проблеми и постигнување на повисоки општествени цели

18 Ноември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи учествуваше на панелот „Дигитална трансформација: неопходнo нарушување или конкурентска предност“, кој се одржа во рамките на Самитот во организација на „Macedonia 2025“, кадешто дискутираше со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј и основачот на организацијата „Emerging Europe“, Ендру Вробел.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши на „Првиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво“ – Владата е посветена за зголемување на учеството на жените во претриемништвото

18 Ноември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши учествуваа и се обратија на свеченото отворање на „Првиот годишен Самит на Националната платформа за женско претриемништво“, кој се одржа на тема „Нови перспективи на женското претриемништво“ .

Undefined

Интервју на вицепремиерот Битиќи за Слободна Тв

16 Ноември 2021 година

Интервју на вицепремиерот Битиќи за Слободна ТВ

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS