Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик на претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска учествуваше на работен појадок со Сојузот на стопански комори.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик на претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заедно со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Бенџамин Перкс, учествуваше на настан „Цели за одржлив развој: Јавна расправа – Јасна визија за квалитетно образование“.
Зборувајќи за важноста на реформите во образованието, премиерот Зоран Заев потенцираше дека Владата е посветена на спроведување на реформите во образованието, кои се исклучително важни за обезбедување на квалитетен живот на младите, поттикнување и зголемување на економскиот развој и раст на севкупната наша економија.
Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдосвки и Арбер Адеми, во рамки на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори - нови перспективи за Република Северна Македонија, го презентираа потенцијалот за инвестирање во земјата и тоа во областа на инфраструктурата и енергетиката, во финанскиот сектор, како и можностите за инвестирање во човечкиот капитал.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев по завршувањето на Виенскиот економски форум 2019 - „Економски разговори во Виена- Нови перспективи за Република Северна Македонија“, даде и изјава за дел од македонските медиуми коишто беа во Виена.
Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.