Денес се одржа он-лајн „Дискусија за националната подготовка за учество на 26-та Конференцијата за климатски промени на Организацијата на Обединети Нации“ - COP (Conference of Parties) 26 во Глазгов, која ќе се одржи од 1-12 ноември 2021 година во ко-организација на Обединетото Кралство и Република Италија, а на која дискутираа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за економија, Крешник Бектеши, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мери Брнз, амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј и амбасадорот на Република Италија, Н.Е. г. Андреа Силвестри.
Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и управителите на Дрекслмајер, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, денес го потпишаа договорот за државна помош за реализација на новата инвестиција на оваа германска компанија, со кој се предвидуваат инвестиции од 16 милиони евра и отворање на нови 1000 работни места во Кавадарци и Куманово.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 66-та седница го усвои Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.
Шестиот пакет на мерки, усвоен на денешната 66-та седница, опфаќа 7 мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10 илјади компании, кои вработуваат околу 60 илјади граѓани, соопштија заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка, Кире Наумов на заедничката прес конференција.
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации - ФАО во рамките на проектот Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на работната програма за Република Северна Македонија кој го спроведува со Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, ги поканува сите заинтересирани фирми кои спроведуваат обуки за Проектен менаџмент во согласност со PMBOK® стандардите (PMBOK® Упатство 6-то издание) од Институтот за проектен менаџмент да достават понуди според насоките дадени во барањето за понуди. Приложен е и образец кој треба да се користи при подготвување на понудите.