Презентиран Оперативниот план за 2021 година - За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани

11 март 2021


Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информираа на прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан.

Undefined

Владата ја дополни одлуката за забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока

11 март 2021


Владата на Република Северна Македонија денеска одржа кратка седница на која е донесен заклучок во однос на исклучоците кои се однесуваат на дозволите за време на забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за кои ќе биде дозволено нивното движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или ТИР карнет, или пак, извозен придружен документ ИПД.

Undefined

Битиќи – Абазовиќ: Двете земји располагаат со големи природни богатства, коишто се претвораат во квалитетни производи кои можат да бидат конкурентни на регионалните, европските и светските пазари

10 март 2021


Утрово вицепремиерот Битиќи и потпретcедателот на владата на Црна Гора,  Дритан Абазовиќ, одржаа билатерална средба и заедничка прес-конференција на која што зборуваа за продлабочување на меѓусебната економска соработка преку искористување на капацитетите на двете земји. Вицепремиерот Битиќи особено се осврна на регионалната соработка за зголемување на конкурентноста на земјите од Западен Балкан. 

Undefined

Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност, наспроти регионална конкуренција - ова е нашата иднина!

10 март 2021


„Целта на Заедничкиот регионален пазар е да се зајакне економската соработка помеѓу земјите во регионот, да се зголеми конкурентноста, но и привлечноста на регионот за пазарот на Европската Унија. Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција! Ова е нашата иднина“, изјави вицепремиерот Битиќи на денешната заедничка прес-конференција со потпретседателот на Владата на Република Црна Гора,  Дритан Абазовиќ, којашто се одржа веднаш по официјалната билатерална средба помеѓу делегациите на двете земји.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS