Вицепремиерот Анѓушев и министерот Николовски: голем интерес од општините за мерките од Програмата за рурален развој за 2018 година, доставени 206 барања во вредност од 38 милиони евра

01 април 2019

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница ја усвои Информацијата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во врска со вложувања во инфраструктурни проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Со оваа одлука се одобруваат околу 38 милиони евра за реализација на проекти за капитални инвестиции на општините преку мерките од Програмата за рурален развој, а за кои општините конкурираа минатата година. 

English

Владина делегација за напредокот на работите на гасоводот во Пелагонискиот регион: Го намалуваме ДДВ-то за гасот на 5%,за поевтини енергенси за индустријата и домаќинствата и за намалување штетните материи во воздухот

30 март 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, денеска извршија увид во напредокот на работите на гасоводот наделницата Неготино – Прилеп – Битола, како дел од проектот за гасификација на нашата земја за кој оваа година во Буџетот се издвоени 1 милијарда и 557 милиони денари, или 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година.

English

Премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески на средба со бизнисмените од Пелагонискиот регион – сите политики на Владата се насочени кон креирање на силна економија во сите региони во земјата

30 март 2019

Претседателот на Владата Зоран Заев, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска, остварија средба со претставници на околу 120 компании од пелагонискиот регион. 

English

Владина делегација се сретнаа со вработените во „Еурокомпозит“ од Прилеп: Имаме понуда од инвеститори за трајно решение, за фабриката да продолжи да работи, на задоволство на вработените

30 март 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на работната посета во Прилеп, заедно со заменик претседателот на Владата на РСМ Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се сретнаа со вработените и менаџментот на акционерското друштво во државна сопственост „Еурокомпозит“.

English

Вицепремиерот Aнѓушев на свеченото отпочнување на Програмата за конкурентност на мали и средни претпријатија на ЕБОР – обезбедени 36 милиони евра европски средства за развој на компаниите

29 март 2019

Вкупно 36 милиони евра изнесува поддршката за малите и средни претријатија, која се овозможува преку Програмата за конкурентност на Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ИПА средствата од ЕУ наменети за Република Северна Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев истакна дека преку оваа програма се обезбедуваат неповратни средства, грантови од Европската Унија во вредност од 6 милиони евра, како и кредити во вредност од 30 милиони евра, обезбедени од ЕБОР, за поддршка на конкурентноста на малите и средните претријатија кои работат во Република Северна Македонија.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS