Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. г. Хиронари Савада, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји и потенцијалите за истата да се интензивира и понатаму.
Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП и Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Република Северна Македонија денеска одржаа средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски за усогласување на единствен пристап кон изготвување на документот за долгорочната развојна стратегија на Република Северна Македонија.
Би сакал да упатам благодарност до организаторите: Американско-грчката стопанска комора (АМЧАМ Грција) и Асоцијацијата за енергетска економија на Грција, како и на ко-организаторите на овој значаен форум, Амбасадата на САД и Атлантскиот совет, за упатената покана и можноста да бидам дел од овој панел на кој ќе зборуваме за значајноста на енергетското поврзување на земјите од нашиот регион.
Во последните неколку години ги поставивме енергетските политики во Република Северна Македонија на стабилни основи. Тие гарантираат безбедно и стабилно снабдување со енергенси, но и диверзификација при снабдувањето, кои се базирани на чиста-зелена енергија и кои ќе овозможат одржлив раст на економијата на нашата држава.
Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на централниот дел од свечената програма по повод одбележувањето на 30-годишнината од независноста на нашата земја.