Од 19-та седница на Владата: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани; Донесена е Националната стратегија за интегрирано гранично управување; Владата го прогласи Куршумли Ан за културно наследство од особено значење

3 Март 2022 година

Од 19-та седница на Владата: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани; Донесена е Националната стратегија за интегрирано гранично управување; Владата го прогласи Куршумли Ан за културно наследство од особено значење


Во контекст на последните случувања поврзани со Украина, на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната редовна, 19-та седница, ја усвои Информацијата за состојбата со граѓаните на нашата држава во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање на украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

Undefined

Влада: Се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните

2 Март 2022 година

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Владата и државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните.

Undefined

Ковачевски: Приоритет е привлекување на странски инвестиции кои обезбедуваат добро платени работни места

1 Март 2022 година - Лондон, Обединето Кралство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во видео изјава го оцени учеството на владината делегација на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

Undefined

Ковачевски: Референците на „Бехтел“ гарантираат квалитетна изведба на автопатните делници со максимално вклучување на локални компании

1 Март 2022 година - Лондон, Обединето Кралство


Како дел од агендата на работната посета на Лондон, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска се сретна со дел од бордот на директори на меѓународниот конзорциум „Бехтел“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на компанијата Шон Кени.

Undefined

Ковачевски - Рама: Односите никогаш не биле подобри, имаме заедничка европска иднина

28 Февруари 2022 година - Лондон, Обединето Кралство


Како дел од агендата за билатерални средби на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој во Лондон, премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS