На денешната 69-та седница, Владата на Северна Македонија ги усвои најновите мерки кои се однесуваат на ограничувањето на движењето на граѓаните, како и други мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести (КЗБ).
Единицата за спроведување на проектот од „Проектот за локална и регионална конкурентност” објавува покана за изразување интерес за консултантски услуги.
„Планот за економски раст, донесен во 2017 година, има за цел да одговори на барањата на домашните компании за да се овозможи транспарентна поддршка, со еднакви можности за сите компании, независно од сопственоста на капиталот или големината на компанијата. Тој план го операционализиравме преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Среднорочната програма за поддршка на микро, мали и средни компании на ФИТР. Една од придобивките на Планот за економски раст е што на некој начин ги стимулиравме домашните компании да размислуваат на среден па и на долг рок, да имаат стратешки пристап кон развојот, а со Законот им обезбедивме сигурност дека државата ќе стои покрај нив и ќе ги поддржува нивните инвестициски зафати“, нагласи вицепремиерот Битиќи за време на економскиот форум „Дали субвенциите создаваат подобри претријатија? Или подобрите претријатија добиваат повисоки субвенции?“, во организација на „Фајнанс Тинк“, со поддршка на Амбасадата на Кралство Норвешка и „Балканскиот труст за демoкратија“.
“Владата на Република Северна Македонија континуирано работи на подобрување на условите за живот на граѓаните во целата земја, врвен приоритет ни е да го поттикнеме рамномерниот регионален развој, а за да успееме во тоа, треба и мора да се работи на подобрување на основните услови за живот“, посочи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа денес го посетија ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“ во Пробиштип.
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „24 отворено“ на Телевизија 24, кадешто за актуелните прашаања поврзани со работничките права и работните односи дискутираше со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски, претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.